Гранатирани две станбени згради во Харков.
Едно лице загина, а 11 се повредени откако руските воени сили гранатирале шесткатна зграда на високо образовна институција во градот Харков, објавија од Главната дирекција на Државната служба за итни случаи на Украина во Харковската област.
Гранатирањето се случило утрово во 8:40 по локално време. При нападот биле погодени уште две соседни станбени згради.
Едно лице го загубило животот, 11-мина се повредени, а уште едно лице е заглавено под урнатините, соопштија од Државната служба за итни случаи.