Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Гутереш: Активизмот на жените дава резултати

0
By Нова ТВ on March 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Историската и структурна нееднаквост дозволија процут на дискриминацијата како што никогаш досега”, порача генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш во своето обраќање по повод Меѓународниот ден на правата на жените.

Гутереш вели дека дискриминацијата кон жените е широко распространета, дека мажот е се уште суверен во многу култури и дека тоа се случува на пазарот на трудот, во кинематографијата, социјалните мрежи и во сите делови на светот.

“Активизмот на жените даде резултати. Поголем број девојчиња посетуваат училиште; се поголем број жени имаат добро платена работа и заземаат високи позиции во приватниот сектор, академската сфера, политиката и меѓународните организации, вклучително и ОН. Родовата рамноправност е втемелена во безброј закони, а штетните пракси, како сакатењето на женските гениталии и детските бракови, во многу држави се забранети. Но, треба да ги отстраниме сериозните препреки ако сакаме да ја надминеме историската нерамнотежа на моќ, што е основа за дискриминација и експлоатација”, посочи Гутереш.

Повеќе од милијарда жени во светот се лишени од правна заштита во случај на семејно насилство. Разликата меѓу приходите на мажите и жените изнесува 23 отсто, а во руралните средини се движи и до 40 отсто. Голем број на жени немаат никакви примања, порача Гутереш.

 

Тој во својот говор се осврна и на сексуалното насилство во семејството, истакнувајќи дека над една милијарда жени во светот не се со закон заштитени од таквиот вид насилство.

“Дури и таму каде постојат закони, често не се почитуваат, а жените кои бараат правна заштита често наидуваат на сомнеж, осуда и омаловажување. Денес знаеме дека сексуалното вознемирување и злоставување се присутни на работното место, во јавниот простор и во домот, и тоа во држави кои се гордеат со своите резултати во областа на родовата рамноправност. ОН треба да бидат пример во целиот свет”, наведе Гутереш.

Тој нагласи дека инвестирањето во жените е најефикасното средство за економски напредок во општеството и компаниите, и порача дека инклузијата на жените би допринела за полесно склучување на мировни договори и јакнење на економијата во светот.

“Време мажите да почнат да ги поддржуваат, да ги слушаат жените и да учат од нив”, заклучува тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.