Доктори од медицинскиот универзитет во Утрехт, Холандија ја направија првата операција во светот од тој вид кога на 20годишна девојка и имплантираа нов череп изработен на 3Д печатач. Операцијата е изведена пред три месеци, а девојката се чувствува добро и веќе е вратена на работа и на секојдневната рутина.
Девојката страдала од ретка болес на задебелување на коските на черепот кои што и предизвикувале главоболки, ослабнување на видот, губење на способноста да направи израз на лицето и генерално, губење на сите витални функции. Досега, третманот на оваа болест се состоел само од сечење на черепните коски и замена со вештачки.
“Досега имплантите мораше да се прават на рака со специјална смеса слична на цемент, која е далеку од идеална. Со 3D печатари може да направиме череп по соодветна мерка. Тоа има не само прекрасни козметички ефекти, но и така мозокот на пациентот често се опоравува подобро отколку со стариот метод “, вели главниот невролог Бен Вервејж.
Операцијата траела 23 часа, а пациентката веќе закрепнала целосно.
“Нејзиниот вид е целосно обновен, нема никакви други симптоми и е речиси невозможно да се забележи дека некогаш имала слична операција”, забележува Вервејж.