Опасните и поројни поплави ја зафатија и Хрватска, а особено Славонија и Посавина. Реките се излија од коритата и поплавени се многу домови а најкритично е во близина на Пожега, Жупање и во Славонски Брод. Премиерот Зоран Милановиќ ги посетува најпогодените области.
Хрватскиот Црвен крст повика на апел да им се помогне на жителите на поплавените подрачја во Република Хрватска, а донациите можат да се уплатат на неколку начини.
Исплатите се на број на сметката IBAN: HR 6923400091511555516, референтен број 08, SWIFT: PBZGHR2X а за хрватските државјани повик на донаторскиот телефонски број 060 90 11, со кој се даваат 6,25 куни, со вклучен ДДВ.