Затворени се гласачките места во Франција, а во вториот круг на 24 април одат Макрон и Ле Пен, покажуваат првичните проценки на изборните резултати.
Околу 48,7 милиони регистрирани гласачи можеа да гласаат од 8 до 19 или 20 часот на првиот круг од претседателските избори во Франција во кој учествуваа 12 кандидати.
Според излезните анкети на Ипсос, актуелниот претседател Емануел Макрон денеска освои 28,1 отсто од гласовите и тој очекува и втор мандат.
Поддржувачите на Макрон, како што се забележува на видеата објавени на социјалните мрежи, пеат „Макрон претседател“ и ги вијорат знамињата.
Only 5 minutes left and Macron’s supporters start to sing « Macron president » and wave their flags. pic.twitter.com/8Kdwcf5sIu
— Elisa Braün (@ElisaBraun) April 10, 2022
Кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, освоила 23,3 отсто од гласовите, следат Жан-Лук Меланшон: 20,1 отсто, Ерик Земур: 7,2 отсто.