Најмалку 85 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во силен земјотрес со магнитуда 7,2 степени кој денеска ги погоди Филипините, јавуваат локалните радио станици, додека локалните власти официјално потврдија дека има над 30 жртви.
Земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а неговиот епицентар бил под градот Кармен на островот Бохол, на околу 400 километри од главниот град Манила , на длабочина од 56 километри.
Филипинската Сеизмолошка служба евидентирала уште 110 потреси.
Центар за алармирање на цунами во Пацификот, изјави дека тој не издал предупредување.
На Филипините се наоѓаат во т.н. “огнена зона на Пацифик “, каде се чести земјотресите и ерупциите.
АП известува дека најмалку пет лица загинаа во стампедо на островот Кебу.
Луѓе истрчале надвор од нивните куќи, згради и болници, за време на потресите, јавуваат агенциите, наведувајќи дека поради националниот празник биле затворени многу јавни установи и училиштата, поради што се спасени и многу животи.
Според Филипините влада, најголем број од жртвите од земјотресот биле на островите Бохол и Кебу, каде што се урнала најстарата црква на Филипините, како и зградата на Градското собрание, а значително биле оштетени десетици куќи.