Телескопот со носечката ракета треба за кусо време по полетувањето да биде „испукан“ во вселената. Телескопот е тежок 6.350 килограми и е со задача да ѕирне во „настанокот на Универзумот“.
За да стигне до крајната одредница а тоа е сончевата орбита на околу 1,6 милиони километри од земјата, растојание што е за четири пати подалечно од Месечината, на телескопот ќе му треба време од еден месец.