Во најновото видео на движењето Ал Фуркан поврзано со Исламската држава, британскиот новинар Џон Кантли под присила изговара порака на џихадистите.
На снимката, Кантли вели Исламската држава е „загрижена за борба“.
Облечен во портокалов комбинезон, 43-годишниот новинар предупредува дека „тоа значи дека секој кој се надева на фина и суптилна хируршка интевенција, без валкање на рацете, ќе биде ужасно изненаден, кога таа ќе биде изведена“.
Новинарот и фоторепортер, кој работел за повеќе весници вклучувајќи го и „Sunday Times“, додаде дека видео снимките од отсекување на глави кои ги објави ISIS во секој случај ја покажуваат победата на таа милитантна група.
„Ако тие погубувања предизвикаат јавна побуна или промена на политиката, тоа е голема победа. А, ако само ги поттикнат нашите влади да фрлаат уште повеќе бомби и да трошат уште повеќе милиони долари, правејќи ги нашите земји се послаби, тоа е, исто така ,победа“, вели Кантли во видеото.
Според оценката на „Guardian”, ова би можело да значи дека борците од ISIS од странство би можеле да се вратат во своите земји и во нив да напаѓаат, а токму тоа е најголемиот страв на многу држави од кои војници заминаа во џихад.