Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Очај, истоштеност и кал низ улиците на Стајковци

1
By Влатко Чаловски on August 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Снимател: Трајче Антоновски
Монтажа: Дарко Груески

Пробивањето кон населените места Стајковци, Сингилиќ, Арачиново и околните села, по невремето кое ги зафати, и понатаму оди тешко. Обиколницата и понатаму е предмет на теренски расчистувања, а сликата на превртени автомобили и поплавено земјиште доловува што се случувало таму кризната вечер кога се наталожи огромна количина на дожд.

На влезот кон Стајковци од едната страна полицијата го редуцира сообраќајот поради багерите кои чистат, од другата и понатаму протекува вода.

poplavi 08 08 2016Жителите на овој регион се во паника, бес и истоштеност. Од своите домови постојано вадат кал и тиње, а од надлежните кои постојано се во посета, бараат активност.

Некои од улиците воопшто и не се поминуваат со автомобил. Чизмите, тракторите и теренските возила се единствениот начин да се стигне до нив.

Премиерот Емил Димитриев на локалното население му соопшти дека наредната недела се ослободени од своите работни места за да се посветат на личните проблеми, но и дека надлежните работат на утврдување на штетите.

А штетите се огромни. Заобиколувајќи го подрачјето околу Стајковци, се забележува дека земјопоседниците годинава речиси сигурно ќе го изгубат родот.

На овој регион ќе му треба време да се врати во нормално живеење, но како што велат мештаните, засега, животот продолжува.

Она што Македонија во моментов може да го направи за најпогодените е да донира на телефонскиот број 143 400 и во пунктовите за донација низ Македонија.

обиколница поплави Сингилиќ Стајковци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.