Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Остри критики од Брисел за употребата на европските пари

1
By Светлана Јовановска on June 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонското судство ќе загуби најмалку 13 милиони евра од Европската комисија (ЕК) доколку судските реформи не станат навистина ефикасни и кредибилни, дознава НОВА. Со ова ЕК испраќа сигнал до Македонија дека нема намера да дава пари од еворпските даночни обврзници за проекти кои остануваат на хартија и не го даваат саканиот резултат. А резултатот треба да биде ефикасно и независно судство.

Освен тоа, европските ревизори вчера остро ги критикуваат македонските власт забележувајќи дека тие не даваат активна поддршка за успешно трошење на европските пари. Па оттука милионите што како подарок ги нуди Европа немаат никаков ефект.

Да потсетиме дека не се работи за кредити туку за неповратни средства. Брисел предвиде 664 милиони евра за Македонија во периодот од 2014 до 2020 година за повеќе сектори помеѓу кои се јавната администрација, транспортот, борбата против корупцијата, владеењето на правото или фундаменталните права.

Помеѓу 2007 и 2013 година Македонија имаше предвидено 615 милиони евра за Македонија но овие пари не се употребени како што било планирано.

“Во услови на економска криза во сиромашна земја како Македонија властите би требало да сторат се за да можат што поефикасно да ги употребат овие пари. За жал, тоа не е случај во Македонија”, вели нашиот извор.

Оваа помош за судството треба да помогне да имаме подобра администрација во судството, подобро планирање и примена на судските реформи. Поконкретно, парите треба да ја подобрат “независноста на судството, неговата ефикасност, одговорност, професионализам и висока компетентност на судството и обвинителствата и да обезбедат попристапен судски систем, поефикасна кривична истрага и гонење и поефикасен кривичен систем”, вели годишната ИПА програма за 2014 година.

Од 2014 година до 2020 година ИПА фондот за Македонија предвидува сума од 83 милиони евра за владеење на правото и фундаменталните права. Од оваа пари секоја година има сума за македонското судство. Тие главно се предивидени за подобрување на реформските капацитети, обука на судиите, за судската академија и за инфраструктурата.

Овие пари се уште не се испратени во Македонија и сериозни се шансите тие никогаш да не стасаат. Причината е незадоволството на ЕК од ситуацијата на судството во Македонија:

“ЕК не сака да даде пари во сектор кој оди во насока спротивна од независност. Независноста на судството е еден условите за напредок на земјата кон ЕУ”, вели нашиот извор.

Истовремено и европските ревизори со седиште во Луксембург вчера објавија извештај за европската помош за Македонија. Заклучокот на оваа институција е строг и вели дека европската помош за јавната аминистрација има многу ограничен напредок.

“Националните власти треба да се фокусираат на две клучни точки: борбата против корупцијата и јавните набавки. За таа цел земјата треба да преземе сериозна обврска, многу поголема од сегашната. И да се сети дека ова е голема можност да се има добра јавна администрација, вели Ханс Густаф Весберг, член на Европскиот ревизорски суд.

Според ревизорите, проблемот лежи кај властите кои не даваат активна поддршка за ефикасна употреба на европските пари.

“Ревизорите сметаат дека во клучните сектори како јавните набавки и борбата против корупцијата, властите би требало да обезбедат подобра употреба на фондовите од ЕУ.

 

Европска унија ИПА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.