Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Полицијата во Тузла со камења против демонстрантите

0
By Нова ТВ on February 10, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Трет ден после насилните протести во Босна и Херцеговина на интернет се појавија снимки од недолични постапки на полицијата која со своето однесување допринесе кон распламтување на насилството во Тузла и во Сараево.

Откако во неделата на интернет се прошири видео снимка на која јасно се гледа како полицијата со пендреци ги тепа демонстрантите кои спасот го најдоа во скокање на брегот на реката Миљачка, од Тузла се појави и ново видео на кое се гледа како полицаец собира камења од земјата и ги фрла кон демнострантите.

Демонстрантите во Босна најавија за денеска на пладне нови протести во Сараево. Демонстрациите ги најави неформалната група на граѓани кои на улиците на главниот град се собраа во неделата и побараа пуштање на слобода на притворените лица. Нивното главно барање е оставка на Владата на Федерацијата БИХ.

После Сеад Чаушевиќ од Тузланскиот кантон, Муниб Хусејнагиќ од Зеничко-добојскиот, па Сеад Жељковиќ од Сараевскиот кантон, премиерот на Унско- санскиот кантон Хамди Липовиќ е четвртиот премиер кој си поднесе оставка после бранот на демонстрации низ федерацијата БИХ. Денеска е хакирана интернет страницата на Унско- санскиот кантон каде беше оставена следната порака:

Од вкупно 33 приведени демонстранти во Сараево се пуштени на слобода 23, а останатите 10 се задржани на распит и против нив ќе бидат покренати соодветни кривични пријави. Судот им дозволи да се бранат од слобода.

Демонстрантите бараат смена на владеачката структура на Федерацијата Босна и Херцеговина, на чело со премиерот Нерман Никшиќ кој рече дека е подготвен за оставка ако постои ново парламентарно мнозинство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

ВЕСТИ November 15, 2025

Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е…

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.