Поплавите предизвикаа хаос и во Босна. Во месото Подгај се активираше свлечиште кое затрупа 8 куќи. Повеќе лица се потешко и полесно повредени но за среќа нема човечки жртви. На социјалните мрежи се објавени снимки како водата носи цели куќи.
Поради критичната состојба во Босна се активираше армијата во евакуација на населението загрозено од поплавите.