Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Потера по лавче во Будва, се бараат доброволци

0
By НОВА ТВ Balaban on February 9, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Тој лав е мал, но тие растат брзо и за два, три месеци, ќе почне да јаде кучиња, мачки, луѓе и ситуацијата е прилично сериозна“, изјави Дарко Савељиќ од Агенцијата за заштита на животната средина.

Црногорската Агенција за заштита на животната средина соопшти дека организира потера по младенче лав, кое наводно му побегнало на сопственикот во Будва кон крајот на јануари, пренесуваат медиумите во Црна Гора и во регионот.

Во поканата испратена до граѓаните се наведува дека утре, пред седиштето на Агенцијата во Подгорица, ќе се организира транспорт до Будва за да се пребара теренот и биолозите да го лоцираат и фатат младенчето лав. Учеството во акцијата е на доброволна основа. Во потрагата по лавчето ќе се користи и дрон.   

Како што се наведува, лавот, доколку биде пронајден, ќе биде сместен во привремено живеалиште пред да се најде трајно решение.

„Тој лав е малечок, но тие растат брзо и за два, три месеци, ќе почне да јаде кучиња, мачки, луѓе и ситуацијата е прилично сериозна“, изјави Дарко Савељиќ од Агенцијата за заштита на животната средина.

Кон крајот на јануари, црногорските медиуми објавија дека младенче лав избегало од дворот на странски државјанин кој го чувал животното како домашно милениче.

Полицијата тогаш соопшти дека се работи „на утврдување на околностите како младенче лав во сопственост на странски државјанин воопшто влегло во Црна Гора“.

Полицијата започна локална потрага по животното, но безуспешно.

Будва лавче Подгорица Полицијата Црногорската Агенција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.