Мечот на фудбалскиот тимови од Србија и Албанија во Белград, во квалификациите за Европското првенство во 2016 година официјално е прекинат за вечерва, откако играчи од двете екипи се судрија на теренот, јавуваат српските медиуми.
Натпреварот е прекинат по 42 минути игра, бидејќи над стадионот почнале да летаат беспилотни летала – мали далечински контролирани авиони за кои било заковано албанското знаме.
Летечкиот објект бил пуштен од покривот на блиската црква св Архангел Гaврил од ул. Хумска.
Полицијата веднаш по прекинот на мечот го уапсиле братот на албанскиот премиер, кој натреварот го следел од ВИП ложа на стадионот на Партизан, под основано сомнение дека тој го организирал и управувал со знамето на Голема Албанија дознава „Блиц”.
Кај Рама е пронајден и далечински управувач.