Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Приведени 12 дилери во Кавадарци и Неготино, запленета дрога „тешка“ 15.000 евра

0
By НОВА ТВ Balaban on March 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 29.03.2022 во утринските часови извршен е претрес во домот на Ж.С.(33) во с.Ваташа при што биле пронајдени 39 куршуми за автоматска пушка, пакувања со марихуана, кокаин и вага, а при претрес во објект надвор од селото, сопственост на неговите родители, пронајден е  куфер со 5 големи пакувања со марихуана. На лице место се затекнати Ј.Т.(27) од Кавадарци и Л.И.(25) од Неготино, кои по инструкции на Н.Н. требало дрогата скриена во објектот да ја подигнат и скријат на друго место

На 29.03.2022 од страна на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Велес – ОВР Кавадарци, по насока од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, извршени се претреси на 8 локации во Кавадарци и Неготино, при што лишени се од слобода 12 лица кои се занимавале со продажба на наркотични дроги.

Имено, во текот на март оваа година Н.Н.(30) од Кавадарци организирал криминална група на препродавачи на марихуана и кокаин на подрачјето на Кавадарци и Неготино, при што тој ја набавувал наркотичната дрога, ја препакувал и организирал мрежа за продажба.

На 29.03.2022 во утринските часови извршен е претрес во домот на Ж.С.(33) во с.Ваташа при што биле пронајдени 39 куршуми за автоматска пушка, пакувања со марихуана, кокаин и вага, а при претрес во објект надвор од селото, сопственост на неговите родители, пронајден е  куфер со 5 големи пакувања со марихуана. На лице место се затекнати Ј.Т.(27) од Кавадарци и Л.И.(25) од Неготино, кои по инструкции на Н.Н. требало дрогата скриена во објектот да ја подигнат и скријат на друго место.

Во непосредна близина на објектот запрено е патничко возило „ауди А6“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(48) од Кавадарци, во кое како совозач бил Н.Н., кои имале задача да вршат обезбедување на местото. По лишувањето на сите 12 инволвирани лица, се извршиле претреси и кај Р.Н.(22) и С.А.(24), во Неготино, како и  кај  В.Д.(31) и А.С.(25) во Кавадарци, при што се пронајдени пакувања со кокаин, ваги и опиум и дополнителни докази за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.

При претресите се запленети и четири возила, а по извршеното вештачење на пронајдената дрога утврдено е дека станува збор за марихуана со тежина од над 6 килограми, вкупна вредност од 15.000 евра и во текот на денот ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава по член 215 став 3 и член 396 од Кривичниот законик.

запленета дрога Кавадарци Неготино Приведени 12 дилери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.