Руските трупи се пристигнати во украинската база во градот Белбек во Крим, со цел да ја преземат контролата откако украинската војска одби да го напушти теренот и покрај ултиматумот од Русија.
Руско воено возило влезе во базата кршејќи ги портите а војниците испукале неколку куршуми во водзух со цел да ги предупредат украинските трупи.
Според Ројтерс еден Украинец е повреден. Во меѓувреме, украинскиот командант изјави дека заминува со Русите на разговори.
Базата во Белбек беше единствената под контрола на Украина после референдумот за припојување на Крим со Русија.
Украинското министерство за одбрана во петокот соопшти дека сите бази се формално под Украина, но речиси сите се заземани од руски трупи.