Звучи незамисливо, но се случи – „страшната“ руска полиција во полна униформа го изведе светскиот хит на „Дафт Панк“, песната „Гет Лаки“ (Get Lucky). Сето ова беше дел од отворањето на олимпијадата во Сочи, Русија. Полицајците се вистински, а се дел од полицискиот ансамбл. Видеото веќе е инстант светски хит.
Инаку, руската не е единствената полиција која има свој бенд. Холандската полиција исто така има свој бенд кој може да се сретне како настапува низ главните градови во Европа и ги забавува граѓаните на плоштадите.