Рускиот брод и понатаму стои закован во мразот на Антарктикот. На помош уште пред неколку дена тргнаа кинески и австриски мразокршачи, но сепак е потребно да се почекаат поволни временски услови за бродот да биде извлечен.
Рускиот брод уште од вторникот е заробен на стотина наутички милји источно од француската база Думонт д’Урвиј. Три мразокршачи тргнаа на помош, но францускиот и кинескиот мораа да се откажат зашто нивните капацитети за кршење мраз не беа доволни за да стигнат до рускиот брод.
Проблемот е тоа што најјакиот мразокршач може да крши мраз дебел до 1,60 метри, а „Академик Шокалски“ е окован во мраз со дебелина од 3 метри.
Сето ова се случува на поморскиот пат кој во ова време од годината е сигурен за пловидба, но вонредните временски услови го оковаа овој брод во мраз.
На рускиот брод има 74 луѓе, меѓу нив се научници и туристи кои одбележуваат 100-годишен јубилеј ид експедицијата на австралискиот истражувач Даглас Мејсон.