Грчката телевизија „Скај“ емитуваше снимка на која грчкиот премиер Андонис Самарас опцу пред камера, која ја презедоа многу медиуми и социјални мрежи.
Во обид да сними телевизиско обраќање за да најави намалување на данокот на додадена вредност за 10 проценти во кетеринг секторот, Самарас никако не можеше да го прочита говорот. На крај се откажа и рече:
– Да ти е…м главата, будала.
Иако оваа снимка според новинаските стандарди требало да биде избришана сепак тоа не се случи.