Интервенција на безбедносните служби на аеродромот во Далас поради хомофобични довикувања и малтретирање, снимена на видео објави „Хафингтон пост“.
Лицето кое малтретира друг човек неколку пати е запрашан зошто дејствува агресивно, а неговиот одговор гласи „Настрани луѓе се она што ме вознемирува, оној геј онаму“, осврнувајќи се на сопатник во розова маичка.
На видеото се гледа како тој физички го напаѓа патникот во розова маичка по што следи интервенцијата од полицијата на аеродромот.
– Еве зошто го направив тоа, бидејќи ова е Америка, баш затоа, им вели напаѓачот на полицајците и додава дека дејствувал исто така поради правото на црнците да „дишат и одат“.
Засега лицето не е идентификувано во јавноста од страна на полицијата а очевидците во видеото го опишуваат како „лудак“.