Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Според претседателот на МАНУ Коцарев, договорите со Бугарија и Грција се извор на нестабилност дома и во регионов

0
By Mirjana on February 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев на годишното собрание на највисоката македонска научно уметничка институција, одржа говор со скандалозни тези за кои рече дека биле негови лични ставови.

Според Коцарев, Договорите со Бугарија и со Грција, се извор на нестабилност во регионот и значат акти за разнебитување на Македонија. Тој ова го наведе говорејќи во контекст на три основни постулати на македонизмот и македонскиот опстанок, како што рече, меѓу кои автохтоноста на македонскиот народ и јазик во контекст на јазичниот, културниот и религиозниот континуитет.

Понатаму додаде дека супстратот го сочинуваат Македонците во државата но и Македонците во Грција и Бугарија, како граѓани на овие држави и Македонците во светот. Оттука сите договори што не се конзистентни со таквите премиси на македонизмот, а такви се договорот за добрососедство со Бугарија, Преспанската спогодба, како што ги оквалификува, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија, рече Коцарев.

„Бугарскиот договор, Преспанскиот договор и промената на Уставот заедно претставуваат извор на нестабилност во регионот од едноставна причина што секоја држава што својата иднина ја гради врз нелегални и недостоинствени документи, а такви се трите документи наметнати од геополитичките игри на големите сили, е осудена на пропаст“, рече Коцарев.

Тој говореше за потребата да се промени изборниот модел, и да се премине на една изборна единица наместо досегашните шест.

„Ако Северна Македонија е граѓанско општество тогаш моделот треба да биде граѓанска консензуална демократија а не етничко консензуална“, рече тој.Коцарев повика и да се почнело со одземање на ингеренциите на централната власт и на државно и на локално ниво.

(Трпческа/Крамарска)

ЗА ПРЕСПАНСКИОТ И НДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Коцарев МАНУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.