Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Студентски избори без легитимитет

25
By Влатко Чаловски on June 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот највисок претставник на студентите, претседателот на СПУКМ, денеска се избира во сомнителни околности, на избори на кои студентите гласаат без параван за заштита на тајноста на гласот и на гласачки ливчиња кои наликуваат на флаер кој може секој да го изработи, бидејќи на нив нема ниту регистарски број.

Токму ова е причината за денешната расправа помеѓу Студентскиот пленум и комисијата на СПУКМ, која одби да се легитимира кога тоа беше побарано од нив. Збунетата комисија од студенти пак, не знаеше да одговори зошто немаат паравани за таен глас.

Комисијата не одговараше ниту пред новинарите ниту пред Студентскиот пленум за тоа колкава е излезеноста за изборот помеѓу двајцата кандидати Стефан Василевски и Давор Поповски а некои студенти не ги ни легитимираше и истите јавно гласаа, што наиде на саркастични ракоплескања од оние кои бојкотираа.

Но она што најмногу ги изненади студентите кои се дел од Студентскиот пленум, беше изјавата на првиот студент кој треба да застане во нивна одбрана. Студентката на Правниот факултет, студентскиот правобранител Васка Бојаџи пред да гласа во овие околности, повикувајќи се на Статутот на УКИМ и СПУКМ, ги повика останатите студенти да го сторат тоа во како што рече таа, мирна и пријатна атмосфера.

И нејзината изјава наиде на симболично ракоплескање од Студентскиот пленум на кој таа им порача дека ако имаат забелешки, да се жалат писмено до неа. Бојаџи гласаше без да го коментира недостатокот од параван, се легитимираше, и својот глас го прикри со папка.

Слична беше и реакцијата на в.д претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски. Тој немаше објаснување ниту коментар за комисијата пред која се спроведуваат изборите, бидејќи не биле под негова надлежност, за потоа да продолжат со меѓусебни обвинувања со претставничката на Пленумот, Ивана Туфегџиќ.

Изборите на кои се гласа на 23 факултети од Универзитетот „Кирил и Методиј“ се отворени до 16 часот.

СПУКМ студентски избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.