Неколку истрели биле испукани во и надвор од Парламентот во Отава, оставајќи еден војник повреден.
Вооружен напаѓач пукал во Националниот воен меморијал а потоа се стрчал во Парламентот во близината, продолжувајќи го нападот.
Неколку згради околу градот се заклучени и постојат извештаи на повеќе истрели во трговскиот центар во близина на Парламентот.
Инцидентот се случи неколку часа откако Канада го крена нивото на терористичка закана по фаталниот напад во понеделникот.
Еден војник е убиен, а друг е повреден кога Муслиман извршил напад.
Канадската телевизија Си-Би- Си и неколку пратеници велат дека еден напаѓач е убиен, но тоа се непотврдени извештаи.
Полицијата побара граѓаните кои се во близина да се држат настрана од прозорците и покривите додеак тие бараат други осомничени.
Еден напаѓач – се вели дека носи пушка – пукал врз војници кои се чувари на главниот воен Меморијал на Канада, а потоа се стрчал во Парламентот.
“Индикациите велат дека има повеќе од еден напаѓач. Може да има неколку”, изјави канадскиот пратеник Марк Герни за BBC, додавајќи дека и колеги-политичари беа евакуирани од областа.