Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Царовска: Го слушаме гласот на учениците и заеднички создаваме инклузивно и квалитетно образование

0
By Mirjana on November 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука посветено работи на создавање на  поквалитетно и достапно образование за секое дете, истакнува министерката Мила Царовска во видео обраќање со кое го честиташе Меѓународниот ден на детето – 20 ноември.

– Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на детето сакам да напоменам дека имаме една и единствена цел – да обезбедиме образование кое ќе овозможи на нашите деца, ученици и ученички да пораснат во граѓани и граѓанки кои научиле да ги употребуваат знаењата за личен и општествен развој. Во таа насока се и реформите кои подразбираат подобрување на условите за настава во училиштата, но и нови наставни програми, засновани на развој на критичко размислување и на вредности, како што почитување на човековите права, толеранција, мултикултурализам и еднаквост, рече Царовска.

Министерката вели дека пандемијата ни наметна многу предизвици, но МОН презема конкретни чекори со кои ќе се спречи застој и уназадување на образовниот систем, но и ќе се заштити менталното здравје на учениците.

– Свесна сум дека сите минуваме низ исклучително тежок период во пандемија, поради што МОН посветено работи на зајакнување на стручните служби во училиштата да одговорат на вашите барања за заштита на менталното здравје. Вложуваме максимални напори за континуитет училиштата да останат безбедни и отворени, рече Царовска

Истакна дека е среќна што започна имплементација на реформските процеси во основното образование и со тоа се забрза модернизацијата на образовниот систем.

– Го  слушаме гласот на децата и се трудиме да изградиме инклузивно и квалитетно образование. Вложуваме во младите, вложуваме во наука и создаваме цврста основа на општество кое се грижи за сите и општество на економски раст и развој. Честит да е 20 ноември – Меѓународниот ден на детето. Останете здрави и безбедни во училиштата и не се откажувајте од вашите соништа!”, вели Царовска во честитката по повод Меѓународниот ден на детето – 20 ноември.

Меѓународен ден на детето Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.