Потрагата започна откако се појави снимка од опасна дива мачка, која се покажа дека е автентична. Експертите појаснија дека ова опасно животно сака да се храни со мачки, кучиња и ситен добиток и дека е непредвидливо.
Полицијата во Унгарија интензивно трага по опасно животно во областа Кишкунхалаша, град недалеку од границата со Србија, јавуваат унгарските и српските медиуми.
Местото каде бил забележан пантерот е само 40 километри оддалечено од Суботица.
Се трага по животно кое било во заробеништво, а се претпоставува дека се работи за црн пантер, соопшти полицијата.
Потрагата започна откако се појави снимка од опасна дива мачка, а истата се покажа автентична. Експертите појаснуваат дека опасното животно сака да се храни со мачки, кучиња и ситен добиток и дека е непредвидливо.