НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Заев: Не ги признаваме изборите- итно бараме формирање техничка влада

0
By Нова ТВ on April 27, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


„СДСМ не го признава изборниот процес“, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција на која е присутен и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, по што следуваше силен аплауз од присутните членови и од партиското раководство.

„Граѓаните во Македонјиа се измамени, нема услови за елементарен изборен процес, кој е спроведен нецивилизирано, во истовреме е узурпирано уставното право на граѓаните“, рече Заев и истакна дека СДСМ како најголема опозициона партија итно бара формирање на техничка влада.

Интегрално НОВА ја пренесува целата конференција за медиумите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На неколку минути по затворање на избирачките места, кога пребројувањето на гласовите од денешниов изборен ден не е ниту започнато, излегувам пред вас да ви го соопштам нашиот став:

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА НЕ ГО ПРИЗНАВААТ ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС, НИТУ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ, НИТУ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА.

Граѓаните на Македонија се измамени.

Власта на чело со Никола Груевски покажа дека нема минимум волја да спроведе елементарен демократски изборен процес во Република Македонија.

Власта на чело со Никола Груевски, најбезобразно, спроведе уште едни нефер, недемократски и нецивилизирани избори.

Власта на чело со Никола Груевски, уште еднаш, најдрско, го узурпираше уставно загарантираното право на граѓаните на Република Македонија за слободно изразување на нивната волја.

Повеќегодишното практикување на закани и уцени и конечната реализација на тие закани и уцени од страна на власта, овозможи целосна системска контрола врз граѓаните и гласачите во текот на изборниот процес, вклучувајќи ги и изборните денови на претседателските и предвремените парламентарни избори.

НИКОЛА ГРУЕВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ, СПРОТИВНО НА УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ, ГО ЗЛОУПОТРЕБИЈА ЦЕЛИОТ ДРЖАВЕН СИСТЕМ ИСКЛУЧИВО ВО СВОЈ ПАРТИСКИ ИНТЕРЕС. Македонската јавност беше сведок на:


– Незапаметени притисоци врз јавната администрација со 100 процентна контрола и успешност. Секој кој не е сигурен гласач за власта има опција или да докаже дека ќе гласа за власта или воопшто да не гласа ниту тој, ниту член на неговото семејство. Доколку постапат спротивно на наредбата, овие луѓе се соочуваат од опасност за губење на работното место веќе од утре. Тоа се случуваше во сите јавни институциии под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

– Масовно купување на гласачите насекаде низ државата, најчесто со обезбедување на полицијата, додека се исплаќаат парите. Тоа се прави јавно и впечатливо, без каково било прикривање. На дел од гласачите им беа одземени личните карти. 

– 35 дена инспекциите од сите државни ресори се на терен. Вршат притисок врз фирмите, казнуваат и затварааат фирми и откупни станици.  Директни закани се упатувани на тие кои не се под целосна контрола на власта – сопственикот, неговото семејство и вработените, или да гласат за власта со доказ или воопшто да не излегуваат на гласање. 

– Припадниците на полицијата се целосно инволвирани во вршењето притисок врз гласачите, обезбедување активисти на власта за незаконитостите на изборниот процес, па се до претресување на активисти на опозицијата, при излегување од партиските простории. Во неколку општини, партиските штабови на опозицијата беа под постојан и видлив надзор на припадници на специјалните единици на МВР.

– Активисти на ВМРО-ДПМНЕ ги посетија примателите на социјална помош, на додаток за трето дете, нега од трето лице и другите ранливи категории на граѓании, со закана дека ќе им биде укината финансиската помош доколку не гласат за власта со доказ, во спротивно воопшто да не излегуваат на гласање.

– Од страна на шумските претпријатија и инспекции се одземени моторни пили, запрежни коли и други средства на граѓаните кои живеат во ридско планинските населени места, со закани дека ќе им бидат вратени и нема да бидат казнети, само доколку гласат за власта со доказ или останат дома на денот на гласањето. 

– Уфрлени се нови фантомски гласачи, во згради со непостоечки влезови и административни згради, што го регистрираа и невладини организации што го следат изборниот процес.

– Невидено досега во независна Македонија, злоупотребени се верски објекти и верски служители за агитирање во интерес на власта на Груевски.

– Најдрско, противзаконски е злоупотребен јавниот радиодифузен сервис, Македонската Радио телевизија, којшто во текот на целата кампања функционираше како партиски билтен и постојано го кршеше Изборниот законик по повеќе основи.

– Приватните медиуми под контрола на власта постојано и координирано ја дезинформирааа јавноста, при што опозицијата беше попречена дури и во платеното политичко рекламирање.

– На денот на избори се докажани дупликат гласачки ливчиња, бришење на видливото мастило, фотографирање гласачкото ливче како доказ, групно гласање, ваучери за поткуп на гласачите, гласачки кутии на улици и целосна контрола на гласачите од страна на неовластени лица, вклучувајќи и службени лица. Ова се примери речиси во секоја општина и на секое гласачко место.

– Пустец ја преплави Македонија. Исти луѓе вчера гласаа во Тирана, денеска во различни општини низ Македонија.

– Злоупотребени беа СИТЕ државни ресурси за партиски цели. Наместо да прекине, се зацементира недозволивото изедначување на државата со партијата на власт, една од најсериозните забелешки на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Извештајот по првиот круг на претседателските избори.

Еден од последните, најдиректни докази, дека држава нема, дека се е партија, е молкот, игнорирањето и непостапувањето на институциите на системот, за документираните мега криминални и корупциски скандали, во коишто е вмешан директно премиерот Никола Груевски и неговите најблиски соработници. За скандалот за којшто известија и регионалните и светските медиуми, целосен молк во Македонија има и од институциите и од провладините медиуми.

Почитувани граѓани,

СДСМ и здружената опозиција направија се што можеа да се донесе соодветна изборна регулатива за заштита на избирачкото право. И покрај сите нерегуларности пред и за време на првиот изборен круг за претседателските избори, до последен момент, не направивме ниту еден чекор што би водел кон уставна или институционална криза. Се водевме исклучиво од интересите на граѓаните на Македонија.

Спротивно на ова, власта се што е договорено со опозицијата го третира како тоалетна хартија. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги елиминираа изборните злоупотреби, туку напротив, ги засилија и ги заострија сите механизми со коишто располагаат, водејки се исклучиво од личните, тесно-партиски интереси на мафијашката фамилија на власт.

Заради сите овие причини, независно од изборните резултати, во име на опозицијата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, јасно порачувам:

ВО ИМЕ НА ЗАШТИТАТА НА ВОЛЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ, НА НИВНИТЕ ГЛАСОВИ И НИВНИТЕ ПРАВА, ВО ИМЕ НА ЗАШТИТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА, ЧОВЕКОВИТе И ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ВРЕДНОСТИ И ПРИДОБИВКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ОВИЕ И ВАКВИ КРИМИМАЛНИ ИЗБОРИ НЕ ПРИЗНАВАМЕ!

БАРАМЕ: ИТНО ФОРМИРАЊЕ ТЕХНИЧКА ВЛАДА ШТО ЌЕ ОВОЗМОЖИ СПРОВЕДУВАЊЕ НОРМАЛНИ И ФЕР ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ЗЕМЈАВА.

Власта спроведе изборен грабеж. Нема член од Изборниот Закон што власта не го прекрши. Нема. Сите членови и од Кривичниот законик што се однесуваат на изборите се прекршени.

На овие избори власта го контролираше својот народ.

Бараме и мора да се организираат избори на коишто народот ќе ја врати контролата во свои раце и ќе избере власт по сопствена воља и убедување, без притисоци, без уцени, без купување на гласачи.

Без фер избори нема демократија. Без демократија нема просперитетна Македонија.

Нема запирање. Нашата борба продолжува!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.