Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Запленета дрога „тешка“ над 400.000 евра во Кочани, ја криеле во контејнер за отпад и на депонија

0
By НОВА ТВ Balaban on July 16, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани на 15.07.2022 до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани за производство на канабис и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик, при што запленети се 238 килограми марихуана.

Имено, во текот на месец јули 2022 година преку правниот субјект каде во својство на управител е регистриран С.В.К., извршена е набавка на марихуана, која потоа е сместена во објект во рамки на наведениот правен субјект, по што на 14.07.2022 дел од истата е префрлена во контејнер за отпад, односно во специјално товарно моторно возило за собирање смет, сопственост на Комуналното јавно претпријатие ,,Водовод“ од Кочани, за да потоа биде оставена на депонијата во Кочани, од каде НН лица ја земале за понатамошно неовластено пуштање во промет, со цел стекнување на противправна имотна корист.

На 14.07.2022 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за недозволена трговија со дрога во содејство со СВР Штип – ОВР Кочани по забележување на товарното моторно возило со натпис ,,КЈП Водовод – Комунална хигиена“, како влегува во оградениот простор на правниот субјект од Кочани, каде работници од „КЈП Водовод – Комунална хигиена“ механички ја истуриле содржината на контејнерот за смет во камионот, преземени се мерки и активности, при што истото е сопрено.

Притоа од извршениот преглед на товарното моторно возило утврдено е дека во внатрешноста на товарниот дел има поголема количина на марихуана. Пронајдената и одземена марихуана врз основа на издадена Наредба од ОЈО Кочани, предадена е во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РСМ. По извршеното вештачење на запленетата количина дрога утврдено е дека станува збор за 237 кг. и 970 гр. наркотична дрога марихуана, чија вредност се проценува на над 400.000 евра.

запленета дрога
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.