Голем пожар изби во погонот за рециклажа во преградие на Марибор, поради што голем дел од градот е обвиткан во чад, соопштија денеска словенечките медиуми.
На пожарот се слушаат детонации, иако чадот се смета за неопасен, полицијата ги замолила луѓето да останат дома и да ги затворат прозорците.
Пожарот избувнал во текот на ноќта во погонот Суровина, а густ црн чад можел да се види од одалеченост од неколку километри.
Нема информации за повредени.
Според локалните медиуми, во погонот наводно се наоѓаат и опасни материи, а околу 15 часот експлодирал и еден од трите плински вентили. Преостанатите два биле навреме заштитени.