Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Виена и Скопје се за старт на преговорите во декември, според Софија рокот е нереален

0
By НОВА ТВ on November 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австрија се загала за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ уште во декември, и тоа интензивно го бара од партнерите во Унијата. За Скопје декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ, Софија пак наговестува дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор за разликите.

– Оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Ние се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме за тоа уште во декември да почнат преговорите. Тоа е нашето барање и тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во Европската Унија и тоа интензивно, порача вчера австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи во Скопје.

Министерот Османи, пак, истакна дека земјава се наоѓа во еден исклучително важен период за својата европска интеграција и на целиот регион.

– Му кажав на министерот дека во Северна Македонија и во нашето досие лежи клучот за деблокирање на целиот регион, бидејќи оттука треба да почне деблокирањето на регионот преку започнување преговори со Северна Македонија и Албанија што потоа ќе ги охрабри и другите држави да ги решат споровите со цел регионот да се движи во европски правец и да стане дел од ЕУ, рече Османи.

Тој додаде дека декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ, што е многу важно, не само за нашата приказна, туку за кредибилитетот на европската иднина, но вели, тоа ќе зависи од тоа дали во Софија ќе биде избрана нова влада.

– Се надевам дека ќе биде декември, но тоа ќе зависи дали Република Бугарија ќе има нова влада и дали тие може да донесат одлука и добра одлука. Како што гледав вчера, 26 земји членки на ЕУ мислат дека токму декември е моментот кога треба да се започнат преговорите за нашата држава. И не само земјите членки, но во институциите на ЕУ го гледав ова, овој став дека декември треба да е токму овој период и дали тоа ќе биде месец дена пред, после тоа, тоа ќе зависи од кога Република Бугарија ќе има нова влада, додаде Османи.

Во однос на дијалогот со Бугарија, шефот на дипломатијата цени дека од Софија по изборите доаѓа најава за еден порационален пристап дека фокусот на односите меѓу двете земји треба да биде на сегашноста и иднината, а помалку на минатото, а тоа е, вели, и решението за разликите.

– Јас не би влегол во толкување на ставот на лидерот на победничката партија во Република Бугарија, меѓутоа мислам дека целиот тон оди во еден порационален пристап, дека сепак фокусот на односите со Република Бугарија треба да биде за сегашноста и за иднината, а помалку за минатото. И мислам дека тоа е решението и на разликите и доколку само го менуваме пристапот во тој правец, леќата да ја свртиме кон сегашноста и иднината ќе видиме дека сите прашања се лесно надминливи и ќе можеме да почнеме заеднички да се движиме кон едно трајно, одржливо добрососедство и заедничка европска перспектива, но и перспектива во Сојузот на НАТО во којшто сме заедно, рече Османи на новинарско прашање во однос на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања и најавите од најверојатниот иден мандатар за состав на новата бугарска блада, Кирил Петков разговорите да се прошират не само на историски, туку и на теми за економијата, инфраструктурата…

И лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека македонскиот народ заслужува датум за почеток на преговори и големо ќе биде разочарувањето ако и во декември нема датум. Според него, барањето за предвремени парламентарни избори и датумот за почеток на преговори со ЕУ не се поврзани, затоа што избори треба да има што поскоро, бидејќи, вели, владата на Заев беше делегитимирана.

– Јас сум оптимист за декември и сакам да се случи датумот, овој народ го заслужува тој почеток на преговори. Не е прашање дали Димитров ќе ги брои неделите или месеците кога ќе се случи тој датум. Во Брисел треба се состане Европскиот совет, да заборави на уцените кои доаѓаат од кај нашиот источен сосед и иднината која што треба заеднички да ја градиме во Европа да ја градиме, а не да се враќаме два века наназад, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата во општина Гази Баба.

Даниел Лорер од коалицијата „Промената продолжува“, кој се смета за најсериозен кандидат за министер за надворешни работи во новата влада во Софија, смета дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор со Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Лорер ако биде оставена единствено историјата да ги движи преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, тоа нема да биде доволно добар резултат и за двете страни и додава, дека ќе бидат отворени и дополнителни дискусии во однос на економскиот напредок меѓу двете земји.

– Почитувањето на правата на македонските Бугари е од првостепено значење, рече тој и посочи дека претстојат преговори врз база на факти, а не на шпекулации доколку тие права биле повредени. А разговорите за историјата ќе се движат напоредно, така што и Софија и Скопје ќе бидат задоволни, додаде Лорер во изјава за „БТВ“ радио.

Тој оцени дека заедничката историска комисија меѓу Скопје и Софија не предлага напредок и двете страни се чувствуваат незадоволни од тоа што се случува и треба да биде пронајдена нова формула. Нејзина функција, вели тој, треба да биде за да помага, но не да биде и единствена во тој процес.

Македонски и бугарски политички аналитичари и познавачи на состојбите на Балканот во анализа за МИА оценуваат дека победничката коалиција на изборите во Бугарија, Промената продолжува (ПП) има капацитет и визија за формирање влада, но ги чекаат тешки преговори со коалициските партнери – Бугарската социјалистичка партија (БСП), Демократска Бугарија (ДБ) и Има таков народ (ИТН). Сепак, оценката е дека новата влада не се очекува пред крајот на декември, што го стеснува просторот за повлекувањето на ветото за страт на преговорите на земјава со ЕУ до крајот на годинава и покрај најавениот нов пристап во разговорите со Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 1, 2025

Хамас побара дополнителни објаснувања од посредниците во врска со американскиот план за завршување на војната…

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.