Односите со Македонија се мојот главен приоритет
Односите со Македонија се мојот главен приоритет и на нив работам уште од првиот ден на превземањето на функцијата, изјави новиот шеф на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин.
Во врска со бугарската поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ, Вигенин смета дека проблемот на Македонија не е само Бугарија особено во последните месеци.
Постојат процеси внатре во Македонија кои се проблематични и за Европската комисија, изјави бугарскиот министер за надворешни работи.
Коментирајќи ги бугарско македонските односи Винегин смета дека не може се да биде сведено на договр за добрососедство. Треба да ги развиеме полтичките и економски односи што ќе помогне да бидат решени и други порблеми кои според Вигенин не се толку проблематични.
Развивањето на соработката, смета Вигенин ќе ги обесхрабри и естремистите од двете двете страни да продолжат да ги оптоваруваат бугарско македонските односи.