Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вигенин: Патот кон ЕУ минува низ договор со Бугирија

0
By Нова ТВ on June 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патот на Македонија кон ЕУ минува низ потпишување договор за добрососедство со Бугарија, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин во интервју за Бугарската национална телевизија.

– Потпишувањето на договорот за нас ќе биде важен сигнал за подготвеноста на Македонија да развива добрососедски односи со Бугарија. Од секоја земја кандидат за членство во ЕУ пред почетокот на пристапните преговори се бара да ги реши проблемите соседите, така беше и со Бугарија. Во случајот со Македонија проблемите се малку посложени од тие што ги имавме ние, вклучително и некои територијални, но да не навлегувам во детали, ja пренесува МИА, изјавата на Вигенин.

Преговорите за договорот продолжуваат, а Софија, како што вели, е подготвена да се забрза процесот.

– Има некои прашања за кои македонската страна е воздржана, но не е нешто што не може да се надмине. За некои клучни прашања не може да има отстапки од наша страна, а за некои можеме да покажеме флексибилност. Но, секако интересот на Бугарија ќе биде заштитен. Ние во исто време не сакаме и не ги превиткуваме рацете на македонската страна, предлагаме решенија кои според нас се прифатливи и ја одразуваат реалноста во нашите односи. Ако таа реалност се признае од македонска страна, не би требало да има проблем за потпишување на договорот, смета Вигенин.

За бугарската позиција во врска со ова прашање тој го информирал и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Уверен е дека Софија и Скопје можат да се договорат без ничие посредништво.

– Со тоа ќе и се отвори патот на Македонија кон ЕУ. Но, не е само Бугарија, има и други прашања, од ЕК и Грција, кои треба да бидат решени. Но, наш интерс е Македонија да оди кон ЕУ, истакна шефот на бугарската дипломатија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.