Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Викенд на гордоста“ по четврти пат во Скопје

0
By Менче Атанасова Точи on June 17, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Skopje Pride Weekend 2016 се одржува по четврти пат во Скопје, а годинава во организација на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ЛГБТИ-Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет. Партнери на овогодишниот Викенд се Младинскиот образовен форум – МОФ и Кино Култура (Локомотива). Поддржано од Амбасадата на САД и Амбасадата на Франција.

Целта на серијата настани во рамки на Викендот на гордоста е да креираат простор за да промовираат, ненормативни форми на светоградење, односно релации, афекти, идентитетски позиции, телесни стилови и сензибилитети кои во рамки на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, изродни, ненормални, неуспешни, патолошки, чудни итн.

Тргувајќи од претпоставката дека интерсекционалноста е клучна парадигма преку која се конструираат сите идентитетски позиции, вклучително и родовите и сексуалните, намерата на овој настан е да понуди радикална и многустрана критика на бинарниот родов систем, хетеронормативноста и националистичката хомофобија, како и испреплетувањето на овие режими на дисциплина, контрола и опресија со класата, етницитетот, расата, и здравствениот статус.

Носечка момент на овој настан е „квир“ парадигмата. Да се биде „квир“ е многу повеќе од сексуалноста и родовоста кои може да се идентификуваат. „Квир“ или настраноста означува начин на живот, уметност на стилизација на сопствениот и колективниот живот, политичка алатка и став кои се спротиставуваат на доминатните модели на знаење и моќ преку кои се оркестрираат сексуалните и родовите идентитети како “нормални“ и “девијантни“, односно “настрани“.

„Настраната политичка ориентација и критика ги преиспитува сите наши желби и аспирации за конформизам и нормалност, вклучително и основните претпоставки, вредности и репрезентации на љубовта, интимноста, системите на сродство, капиталистичката компетитивност и егоизам, фетишизацијата на стоката, па се до современите дискурзивни перформанси на државата-нацијата“, велат организаторите.

Носечката идеја на годинешниот „ Викенд на гордоста“ е СОЛИДАРНОСТА, како политичка, социјална и етичка позиција која овозможува да се градат алијанси и колективи на отпор,  оттаде органичувачките идентитетски позиции и исклучувачко групни интереси, без притоа да се нивелираат спецификите на различните проживеани искуства на опресија и исклучување.

Во рамки на овогодинешниот Викенд на гордоста во четврток ќе одржи  Дебата АРГУМEНЕТИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ, во соработка со МОФ како организатори и развивачи на концептот за АРГУМЕНТ, петок е резервиран за Перформанс на Борјана Роса (Бугарија/САД) – ВО ФОКУС: ВНАТРЕШНОСТА, во сабота  од  21:00 – 22:00 се одржува Перформанс / Предавање на Vaginal Davis (САД) – Sassafras, Cypress & Indigo—Black Screen Images and the (e)motive Notion of Freakiness . Истата вечер е предавање на Ана Мишковска Кајевска- “14 години подоцна: Историскиот развој на ЛГБТ активизмот во Македонија“ – , а во недела  Целовечерна забава со The John и Новиот почеток, DJ сетови: Виолета Качакова, Хада Блам, Соња Исмаил.

Викенд на гордоста серија настани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.