Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Викенд програма на МОТ: Пушкаш, Моралес, Дервиши, Радиноска во МКЦ

0
By Нова ТВ on September 23, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Золтан Пушкаш, новосадскиот актер и режисер со театарот „Увидјеки Синхаз“ од Нови Сад со „ОФФ – Надминување на границите“ се на сцената во МКЦ во сабота во 20.00 часот.

Во претставата се отвораат повеќе дилеми. Во случај кога градската власт ќе ги фати за врат и невидливите раце ја укинат уметноста и наместо неа пласираат празни зборови, што можат да направат актерите? Можат да застанат на сцената и да зборуваат. За себе, за светот, за театарот. Можат да врескаат кон небото и да го забодуваат бесот во земјата. Можат да се фатат за поезија, да се смеат, да зборуваат за заедништвото, државата, за светот и системот или со стегната тупаница да зададат удар. Ќе ги надминат ли границите?

mot12

Во 22.00 часот во МКЦ, следи соло танц перформанс на  танчарката и кореографка Маура Моралес од Куба. Wunschkonzert е инспириран од истоимената драма на Франц Ксавер Кроц од 1971 година, и ја открива потребата на една жена за сензуален живот исполнет со среќа, восхит и реализирани соништа, надвор од секојдневната монотонија, осаменост и копнеж. Низ умешна кореографија и кревки итри движења, Моралес внимателно го отвора просторот за да ги открие длабочините на човечката душа.

 

Кооператива Маура Моралес е трупа што се занимава со современ танц, а ја предводат танчарката и кореографка Маура Моралес и гитаристот, композитор и уметник на звук, Мичио. Трупата, која постои од 2010 година, има поставено голем број продукции што редовно се изведуваат на престижни меѓународни фестивали низ Европа, Азија и Јужна Америка.

mot111

Во рамките на МОТ+ програмата во 18.00 часот во МКЦ галерија е промоција на книгата Рапсодија за театарот на Алeн Бадју, филозоф, драматург, професор на престижната École Normale Supérieure во Париз и еден од највлијателните мислители на денешницата. Роден е во 1937 во Рабат, Мароко, од раната младост е политички активен, пред сѐ во антиколонијалната борба во Алжир, а подоцна во текот на 1968 година во својата филозофија го испитува односот помеѓу субјективизмот и онтологијата.

 

Недела е резервирана за таканаречен македонски ден на МОТ. Во 19.00 часот во МКЦ е „Без наслов – (Симбол)“ на Скопје танцов театар. Проектот е на кореографите Андријана Данческа и Александра Петрушевска, а покрај нив играат и Валентино Апостоловски и Анастасија Данчевска.

Во 20.00 часот во МКЦ, Националиот театар од Косово ќе ја изведе „Коските што доаѓаат доцна“ на Теки Дервиши, а во режија на нашиот Мартин Кочовски.  Станува збор за една од најдобрите модерни драми напишана од страна на косовски драмски писател, која се занимава со судбината на индивидуата со изгубен идентитет. Ги прикажува односите помеѓу човек што во потрага за моќ го загубил идентитетот и друг човек, кој се обидува да го зачува идентитетот во предизвикувачката орвеловска реалност и околностите во кои е присилно доведен. Во претставата игра и нашиот познат актер Бајруш Мјаку.

mot11

Оваа вечер завршува со независниот проект независниот проект „Да го поздравиш и да ми го бациш“ кој почнува во 22.00 часот во МКЦ. „Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Претставата е во режија на Билјана Радиноска, а во неа играат Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска.

Претставата не е наменета за лица под 16 години!

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.