Украинските медиуми јавуваат дека претседателот Виктор Јануковиќ, кого го разреши парламентот и против кого е издаден налог за апсење под обвинение за масовно апсење, се наоѓа во руската поморска база во Севастопол, во Украина.
Според информациите на телевизискиот канал АТР, за Јануковиќ бил подготвен десантен брод на Црноморската флота на Руската федерација, со кој наводно ќе се упати кон Русија, пренесува Гласот на Русија.
Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков предходно рече дека Јануковиќ, после одлуката на парламентот за неговата смена во саботата, се упатил кон воениот аеродром Белбек на Крим, но дека се предомислил и отишол во друга насока по сознанието дека таму го чекаат новоименуваните шефови на министерствата на полицијата и државните безбедносни служби.
Според медиумите Јануковиќ се обидел да ја напушти Украина во саботата со приватен авион.
Најмалку 88 луѓе беа убиени минатата седмица во борбите со огнено оружје меѓу полицијата и демонстрантите во Киев.
За време на протестите се повредени 699 луѓе, од кои 463 се наоѓаат в болница.
Во Украина и официјално почна кампањата за предвремените претседателски избори што се закажани за 25 мај годинава.