Генералниот директор на „КОСТАЛ – Македонија“, Виктор Мизо, повторно е избран за претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, откако членовите му ја дадоа довербата за нов двегодишен мандат.
Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека на виртуелна седница одржана вчера се избрани и заменици-претседатели на Асоцијацијата: Боријан Борозанов од „Џонсон Мети“, Светослав Смилков од „АРЦ Аутомотив“ и Ѓорѓи Тренкоски од „Теламон“.
На средбата се дискутирало и за отворените прашања и за актуелните проблеми во однос на законската регулатива, како и за други значајни прашања кои се од интерес за странските инвеститори, кои ќе бидат предмет на разгледување на заедничка средба со претставници од Владата во наредниот период. (МИА)