Новиот бугарски министер за надворешни работи, Кристијан Винегин за Бугарското национално радио изјави дека политиката кон Македонија треба да биде потврда и разумна, пренесува агенцијата „Крос“.
Тој додаде и дека надворешната политика на Бугарија не може да прави „нагли движења“.
Според него, треба да се потпише договорот за добрососедство и треба да се работи на тоа зашто станува збор за добра идеја. Тој додава и дека ќе се запознае до каде се стигнати преговорите.
Винегин додава и дека политиката кон Македонија треба да биде покомплексна.
– Нашата политика кон Македонија треба да биде значително покомплексна и да се спроведува на многу поширок фронт. Тоа значи дека треба да размислиме за конкретни чекори кои ќе водат кон поголема доверба на највисоко политичко рамниште, нешто што спласнуваше во последните години. Ние имаме потреба од значително интензивирање на контактите на сите рамништа, особено на највисокото политичко рамниште. Оттаму нашата приниципиелна позиција е лесна – Македонија треба да биде членка на ЕУ. Тоа е во интерес на Бугарија. Но, конкретните чекори дотогаш допрва треба да се определат зашто Македонија презеде обврски кон претходните власти, кабинетот на Борисов, и сметам дека тие треба да бидат исполнети – рече Кристијан Винегин.