Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Висока политика

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 20, 2018 19:08

Пишува Беса Арифи, вонреден професор при Универзитетот на Југо-Источна Европа

Вистинското владеење на правото е невозможно во политичко нестабилни држави. Во таквите држави приоритетите се секогаш политички и политиката во нив е секогаш посилна од правото. Таков е случајот и со нашата држава и скоро донесениот Закон за делумна амнестија во врска со случувањата од 27 април 2017 година. Овој закон беше донесен со мнозинство од речиси 3/4 на гласовите од вкупниот број на пратеници во Собранието на РМ, со 95 гласови за и ниту еден глас против. Завидно мнозинство, во вакви деликатни времиња, кога парламентарното мнозинство често има проблеми и се соочува со недостиг на гласови за рефромски закони од правосудството и кога тенкото-кнап мнозинство од 80 гласа за уставните амандмани е флуидно и час го има час го нема. Ама по се изгледа, пратениците најдобро знаеле за што се најсплотни: да спасат жива глава од судењата во врска со тој крвав четврток кој се случи пред неполни две години, а од кои случувања некои од пратениците кои го изгласаа овој закон едвај се извлекоа живи а лузните сеуште не им се зараснати. За општите трауми од тие настани залудно е и да се зборува, кога од истите нема да се соземеме уште долги години.

Тоа што се случи на 27 април не се случува во нормални држави. Ако тоа е апсолвиран факт, дека не сме нормална држава, тогаш е полесно да се разбере дека ни решението за тој случај не е воопшто карактеристично за нормални држави. Ова пак ни го потврдува конечниот факт: дека ние сеуште не сме нормална држава, и уште долго нема да бидеме нормална. Се додека стоиме на крстопат и не знаеме каде сакаме да одиме, приоритетите ќе ни бидат секогаш политички и никогаш правни. Бидејќи во ненормални држави политиката е посилна од правото, а во нормални, демократски држави е обратно.

За да разбереме подобро што се политички а што правни приоритети ќе се надоврзам на случувањата од 1915 година. Во Првата светска војна, државата која владееше петсто години во овие територии, влезе во војна како Отоманска империја а излезе како Република Турција. Во 1915 година во таа држава се случи настанот по кој во меѓународното казнено право се дефинираше поимот на злосторства против човечноста а кој настан денес е познат како Геноцидот над Ермените. По завршувањето на Првата светска војна идејата на западните држави кои победија во војната беше да има судење и воспоставување на одговорност на Турција за тој геноцид. Меѓутоа, и Турција во тоа време не била нормална држава. Била политички нестабилна држава која се наоѓала во крстопат, помеѓу истокот и западот, помеѓу САД и Русија. И така западните земји одлучиле да и прогледаат низ прсти на Турција и да и простат за извршениот геноцид со цел геостратешки да влијаат таа да биде идеолошки поблиска до нив а подалечна од истокот. Се помириле со некакви инсценирани судења на кои никој не понел одговорност, сите сторители биле осудени во отсуство и никогаш не ја издржале казната. Турција ден денес не признава дека таквиот геноцид се случил а камо ли да понесе одговорност за тие одамна заборавени случувања. И како што Хитлер посочил во еден од неговите говори: „А кој зборува веќе денес за тоа што им се случи на Ермените?“ Бидејќи историјата се повторува, нели?

Ги слушам внимателно политичките пораки на нашите стратешки партнери овие денови. Највисокиот претставник на Стејт Департментот на САД кој ја посетил Македонија во последните 17 години оваа недела беше во Скопје каде што јасно соопшти дека САД силно ја подржува Македонија за влез во НАТО, тој пат води преку Договорот од Преспа, а сето тоа не и се допаѓа на Русија која би направила сé овој план да пропадне. Појасна порака нема да има. Се зборува за важноста на спроведувањето на Договорот од Преспа а не за начинот како тоа ќе се направи. Дотолку повеќе, во едно телевизиско интервју истата оваа недела, Амбасадорот на Европската унија во Скопје посочи дека е многу важно да има владеење на правото и носење на одговорност, но дека исто толку е важно да има процес на помирување. Рече дека линијата меѓу одговорноста и помирувањето е многу тесна и дека е убеден дека Комисијата за помирување ќе може да најде решение кое ќе стави рамнотежа меѓу овие две работи.

Комисијата пронајде решение и излезе со предлог закон за амнестија. Законот беше изгласан со огромно мнозинство и сега стапува во сила. Дали има право Собранието да носи таков закон? Секако дека да. Во надлежноста на Собранието е да донесе закон за амнестија и да одреди кои дела се амнестираат а кои не. Дали е ова подобро решение отколку да се настојуваше како во минатото влијанието да се изврши во правосудните органи и таму да се дојде до спречување на носењето на одговорноста? Да. Собранието ја извршува својата належност, владата „не се меша“ на работата на собраниското тело кое донело таков предлог, јавните обвинители и судиите се незадоволни и реагираат дека ова се случува пред време и ги попречува во докажувањето на делото, ама нема што да прават а не е нивна вината што некои ќе останат неказнети за овие работи. Меѓународните стратешки партнери немаат некој посебен приговор и нивните пораки се сведуваат на политички приоритети од типот на спроведување на Договорот од Преспа. Со други зборови, ем волкот сит ем овците на број. Никој од горенаведените нема посебен пробем со Законот за делумна амнестија.

Тие немаат никаков проблем. Ние имаме проблем, и тоа голем. Ние кои верувавме дека правдата е можна во оваа држава, ние кои сме длабоко убедени дека тие кои ги отворија вратите на Собранието таа вечер се исто толку виновни како и тие кои извршија насилвсто внатре, ние кои верувавме дека постои можност обвинувањето да се прошири и да го опфати како главен нарачател и бегалецот од правдата кој отишол да лечи синуси во Будимпешта. Ние имаме проблем, и тоа голем проблем. Бидејќи од една страна го разбираме важноста на политичкиот момент (па белким нема да бидеме со русите оти секогаш сме биле и ќе бидеме со американците, нели?!), но од друга страна целава работа ни изгледа едно големо дежаву и пред очи ни излегуваат сцените од протестите кои се интензивираа токму кога пред повеќе од две години Иванов ги даде неговите аболиции и се потруди да стави крај на заканата  дека конечно дојде време да се носи одговорност во оваа држава. Да не заборавиме, Иванов тогаш исто-така се повика на една возвишена цел, политичко помирување помеѓу крајно спротивставените страни.

Јасно е дека целта заради која сега е донесен Закон за амнестија е поинаква од целта која Иванов сакаше да ја постигне со неговите озлогласени помилувања. Целта на Законот за амнестија е да обезбеди двотретинско мнозинство за да поминат уставните амандмани од Договорот од Преспа. Целта на Иванов беше да се спасат од одговорност сите инволвирани во случаите на СЈО. Викаат целта ги оправдува средствата колку и да се тие нелегални и нелегитимни. Ако целта е легитимна тогаш средствата се оправдани. Ако е тоа така, имам само една молба, не го викајте овој процес со возвишени именки како „простување“ или „помирување“. Никој на никого не му простил ниту може да му прости такви работи. Никој со никого не се помирил за ова. Така што престанете со еуфемизми и нарекувајте ги работите такви какви што се. Нарекувајте го овој процес, еве „висока политика“, таква политика на чиј висок алтар секогаш се жртвува најкапоцената работа, а тоа е правдата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.