НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вистината е бесплатна – скапо ја плаќаме лагата

0
By Marija Todorovska on March 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Битола, Новаци, Штип, Свети Николе, Кочани, Виница и во 15 локации во Скопје (Аеродром, Центар, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Стара скопска чаршија, Шуто Оризари, Влае, Капиштец…), се општините каде што ЦИВИЛ-ите во изминатиот месец (февруари) спроведоа граѓанска едукација за борба против дезинформациите.

Тимовите на ЦИВИЛ без разлика на временските услови се сретна со илјадници граѓанки и граѓани при што им делеа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани која може да им биде одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.

Во најголем дел граѓаните ја поздравија граѓанската акција на ЦИВИЛ, бидејќи се чувствуваат задушено од огромниот број дезинформации и пропаганда од политичарите, медиумите и на социјалните мрежи.

Па да почнеме од Тетово, на 15 февруари, тимот на ЦИВИЛ пристигна околу 10 часот и постави инфо-штанд во близина на Домот на културата. Граѓаните со внимателност и доза на љубопитност се доближуваа до штандот да дознаат за што се работи, но „резервираноста“ им се расчисти кога видоа дека брошурите немаат никаква политичка програма, туку дека се работи за едукативна брошура како да се заштитат токму од пропагандата или дезинформациите.

Во Тетово бевме ден покасно од (денот на вљубените и денот на љубителите на виното) и иако граѓаните беа некако зашаматени (дали дека беше рано, дали од љубов или од виното) сепак со задоволство ги земаа едукативните брошури и посакаа да бидат што помалку жртви на дезинформациите.

По Тетово, следна дестинација ни беше Гостивар каде што неколку минути пред да пристигнеме на плоштадот, градоначалникот Арбен Таравари ја соопшти својата кандитура за претседател на државата.  Додека екипата на ЦИВИЛ делеше едукативна брошура и разговараше со граѓаните за опасностите, несаканите ефекти и националистичките наративи од пропагандата, една граѓанка во „патриотски занос“ вели – „мене дајте ми брошура на македонски јазик, ова е Македонија“, секако дека и дадовме брошура на македонски, која впрочем е и на албански и ромски јазик.

Во Штип еден граѓанин вели: „Mи се допаѓа насловот „Ослободи го умот“ ама дали ќе ни дозволат политичарите или некои други центри на моќ“. 

Токму затоа сме тука, му велиме, ајде да не им дозволиме да ни дозволуваат, туку да си го ослободиме умот и сами да размислуваме и да одлучуваме што е вистина, а што е лага. Да не дозволиме да бидеме манипулирани.

Најчестото прашање речиси во сите општини беше – „дали се плаќа“?

Не другар(к)и не се плаќа, брошурата и вистината се бесплатни, скапо ги плаќаме лагите, дезинформациите и пред сè политичките пропаганди проследени со националистички наративи.

Во разговор со граѓаните велат дека скапо нè чини и (про)руската пропаганда, од која корист и бенефит имаат само неколку поедници.

„Многу малку знаеме за придобивките и бенефитите од влезот во ЕУ. Всушност, ние не знаеме што е ЕУ. Тоа е благодарение на дезинформациите и проруската пропаганда. Но, добро е што постојат организации како што е ЦИВИЛ за да може да ги откриеме и да се одбраниме од лагите што ни ги сервираат пропагандните кујни“, велат граѓаните.

Граѓан(к)ите велат дека најчесто се (дез)информираат од социјалните медиуми.

„Од Фејсбук рецепт за колачи да земеш ќе биде погрешен, ќе ги утнеш колачите, нема да ти излезат како што се „сервирани“ на Фејсбук“, вели една граѓанка.

Исто така граѓан(к)ите велат дека младите се најизложени на дезинформации и манипулации на социјалните мрежи, бидејќи немаат време да следат сериозни и релевантни медиуми, туку информациите (не)свесно ги добиваат од одредени партиски ботови, инфлуенсер(к)и или портали кои немаат ниту импресум.

Тие велат дека покрај социјалните медиуми, образованието, многу важна улога има и домашното воспитување.

„Гледаме млади деца од по 13/14 години како „ќе ја спасуваат Македонија од предавниците“, како урлаат „Никогаш Северна“, „комуњарите се криви и предавници“… Ваквите наративи сигурно децата ги слушаат дома од нивните родители. Затоа треба родителите да вимаваат што зборуваат пред децата, да пазат какви политички содржини или дебатни емисии гледаат во присуство на нивните деца. Бидејќи секое колнење, пцуење… детето го прифаќа како да е нормално и тоа го пренесува надвор на улица или во училиште“, вели една граѓанка која долги години работеше како наставничка.

Илјадници граѓан(к)и ја поддржаа и поздравија граѓанска едукација на ЦИВИЛ за борба против дезинформациите, за разлика од неколкумината граѓани кои „слепо“ им веруваат на проруските лидери, меѓутоа се надеваме дека едукативната брошура ќе им ги „отвори очите“ и на тие наши граѓани.

Еден граѓанин во Свети Николе застана пред инфо-штандот и во обид да биде саркастичен вели: „Американците ли ќе нè учат што е вистина. Тие ли ќе ни го ослободуваат умот?“.

Путин или љубителите на Путин сигурно не, ама џабе е да се објаснуваме со русофилот… Такви ликови постоеле и ќе постојат и понатаму. На граѓаните им останува сите информации да ги проверуваат и да не веруваат на сè што им се сервира.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

вистина пропаганда ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.