Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вистиномер: Лага е дека премиерот Заев рекол „историјата е вишок“

0
By Нова ТВ on December 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текст со манипулативен наслов, споделен на Фејсбук, каде што изјавите на премиерот Зоран Заев се извадени од контекст и се тврди дека тој рекол оти историјата е непотребна и дека е вишок, а дека наставниците што ќе останат без работа се неважни, изнесени се низа непроверени и невистинити факти, објави Вистиномер.

Се тврди дека премиерот истакнал оти фузирањето на предметите во училиштата се користи за да се отстрани нешто од образованието и дека рекол дека историјата не е потребна.

Воопшто не е точно дека Заев истакнал оти историјата не е потребна на прес конференцијата која ја одржа во владата, а која што може да се види на овој линк.

Напротив, во извадокот кој се однесува на образованието (од 01.01..52) на линкот, премиерот експлицитно кажува дека намерата не е да се укинат предмети, меѓу кои историја, географија, хемија, биологија.

Преку образовната реформа во основното образование, во наставата ќе се учат наставни содржини клучни за нашите деца, суштински за учениците да влезат подготвени во овој нов современ дигитален свет. Во образованието вклучуваме медиумска и дигитална писменост, содржини за антикорупција, екологија, но и содржини по хигиена, круцијални во борбата со ковид. Се разбира новите содржини не одат на сметка на постоечките. Учениците и понатаму ќе учат историја, географија, хемија, биологија и сè друго што е неопходно за нивните знаења. Но, за оваа работа допрва претстои дебата и ќе го избереме најдобриот модел кој е можен да се практикува во нашата земја. Да не заборавиме дека образованието постои доминантно поради децата, рече Заев.

Во првиот дел од своето обраќање тој вели:

Во делот на образованието, неколку пати коментирам. Мораме да продолжиме со реформите. Се јавува ново време на дигитализација и осовременување. Сите зборуваме дека се неопходни реформи во основното образование. Она кое е предочено пред јавноста е модел за кој ќе отвориме дебата. Да не заборавиме дека образованието постои заради учениците. Тој дел од дебатата каде што гледам дека се фаќаат засегнати наставници, ќе ми извинат, но образованието постои заради учениците. Нашата намера не е да укинеме историја, географија, биолгија, физика. Не! Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставни содржини кои се вишок и не се потребни сè со цел да добијат можност за општествени и социјални дејности во рамките на школскиот период од денот, а ќе дадеме и многу општествени содржини кои ќе влијаат за развојот на карактерот на едно дете. Не брзаме со оваа работа. Важна е, но ќе слушаме внимателно од сите што укажуваат за одредени промени, сугестии и слично. Тука се универзитетите, професорите, учителите, наставниците но и стручните служби од МОН и Бирото за развој на образование.

Во текстот што го рецензираме се тврди и дека Заев испратил порака до наставниците дека не е важно што некои од нив може да останат без работа.

Ниту ова не  е точно.

Министерката за образование Мила Царовска, во изјава за Алсат М вели:

„Предмет историја ќе има како научна дисциплина. Ќе има и предмет граѓанско општество, и географија, биологија и хемија, но тие ќе бидат организирани на поинаков начин на учење. Сите научни дисциплини остануваат во основото образование. Образовниот апарат не смета дека дел од овие научни дисциплини треба да ги нема. Напротив, сите ќе ги има, ќе се учат и подлабоко и поквалитетно затоа што низ процесот на интеграција дозволуваме ученикот да разбере контекст во кој одреден лик или случка од историјата се наоѓал, каде живеел, итн. За да може тој да создаде поинаква перцепција за тоа случување и, секако, тие знаења што ќе ги стекне од предметот општествени науки понатаму да може да ги користи и да донесува одредени заклучоци“.

Новата концепција не значи укинување на научните дисциплини, туку организирање на поинаков начин преку теми што ги поврзуваат и осмислуваат фактите и обезбедуваат знаења коишто учениците ги доживуваат како релевантни и корисни, вели професорката Виолета Петроска Бешка, која учествуваше во креирањето на новата концепција за основно образование.

Новина во концепцијата за основно образование е тоа што наставните предмети биологија, хемија и физика ќе се интегрираат во единствен предмет природни науки со модули за биологија, хемија и физика.
Ваквиот начин на изучување на предметот природни науки се применува во многу модерни образовни системи ширум Европа и светот, а наставните програми за овој предмет ќе бидат современи, односно ќе се учи на база на истражување и примена на експерименти во наставата, вели Иванка Мијиќ, советничка од Бирото за развој на образование.

Министерството за образование и наука веќе изработи и кампања за едукација и објаснување за дел од грижите што граѓаните може да ги имаат поради новиот концепт на наставна програма за основното образование.

Интегрираните предмети не се новина во образованието во светот, ниту во нашиот образовен систем. Таков е примерот со предметот Природни науки за шесто одделение, кој е мултидисциплинарен и вклучува содржини од биологијата, хемијата, физиката, екологијата, исхраната…. Многубројни истражувања покажуваат дека интегрираните наставни програми им помагаат на учениците да ги согледаат врските меѓу различните природни и општествени појави да го поврзат тоа што го учат со секојдневието и да развијат вештини за доживотно учење.

Не е точно ниту тоа што го тврди текстот што го рецензираме, дека ќе се намали бројот на наставници.

Концепцијата за основно образование не го одредува бројот на наставници, но направените анализи укажуваат дека сите наставници остануваат на работа, бидејќи севкупниот број на часови во наставниот план не е намален.

Оттука, ниту е точно дека ќе се намали бројот на наставници, ниту премиерот кажал оти се укинува предметот историја, туку напротив, тој експлицитно во два наврати во текот на прес конференцијата, укажува дека предметите ќе останат во образовниот систем на основното образование, само со поинаква концепција на интеграција.

Вистиномер

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.