Денеска свечено ќе бидат испратени и патниците на „Визер“ кои ќе патуваат за Париз, а наскоро ќе има летови и кон Брисел и кон Франкфурт.
„Виз ер уште еднаш ја нагласува својата посветеност кон Македонија. Отворањето на новиот воздушен пат од Скопје до Келн е долгоочекуван од македонските патници и со нашите премиум услуги од само 29,99 евра ќе може секој да си дозволи да го посети четвртиот по големина град во Германија“, истакна Даниел Карваљо од „Визер“.
Мрежата на рути на „Визер” годинава ќе се состои од 14 линии до осум различни земји.
Скопскиот аеродром „Александар Велики“ станува најпрометната база на нискотарифната авиокомпанија „Визер“ на просторот на поранешна Југославија.