Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вклучен алармот за реформи во службите за спасување – дисциплински мерки за одговорните

0
By Нова ТВ on April 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Случајот со 63 годишниот Златко Божинов не престанува да ја бранува јавноста. Граѓаните очекуваат да се лоцира одговорност кај институциите кои потфрлија во спасувањето на овчарот кој 12 часа завеан во снег чекаше помош од надлежните. Телото на премрзнатиот Божинов неколку часа го греела неговата 90 годишна мајка, а дури пет часа бил носен на импровизирана носилка за да биде префрлен во болница. Неколку часа подоцна почина како последица на обилно мозочно крварење.

Ова го уклучи алармот дека постои сериозен проблем кај надлежните институции кои почнаа да си ја префрлаат меѓу себе топката за тоа кој потфрлил во овој случај.

Од општината излегоа со соопштение дека немале теренско возило кое би можело да пристапи до непристапниот терен, директорот на ЦУК пак вели дека имало кршење на процедурите во системот за спасување, а за оперативецот од Кратово рече дека не побарал хеликоптер да помогне во спасувањето.

Министерот за внатрешни работи пак со став дека одговорноста мора да се лоцира и да се детектираат сите недоследности и пропусти со цел во иднина да не се случи повторно немил настан како овој.

Центарот за управување со кризи меѓувреме формираше комисија која треба да утврди каде потфрлиле институциите и да се отпочне со големи промени во целиот систем за спасување.

Ангелов во изјава на прес-конференција соопшти дека во наредните месеци следуваат големи и структурни промени во ЦУК и дека нема да си даде оставка, затоа што тоа го смета за дезертерство.

Најави дека на средината на јуни ќе започне со работа европскиот број 112, за кој Европската унија донирала 1,5 милион евра, а набавена е и опрема и завршена е обука за лицата кои ќе работат на овој број.

Вчера со реакции на фејсбук се огласија и вицепремиер за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски и вицепремиер за европски прашања Никола Димитров. И двајцата рекоа дека човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување, секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност…

Димитров побара конкретна одговорност и рече дека случајот не смее да помине без сериозни системски промени…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.