Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вкупно 50 и пол години затворска казна добија шестмина членови на криминалната група Грчец

0
By Marija Todorovska on July 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 50 и пол години затвор добија шестмина членови на криминалната група Грчец, уапсени во јануари минатата година, од кои четворица за инволвираност во неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, додека двајца за злосторничко здружување со цел вршење на кривично дело двојно убиство од одмазда и по порачка.

Судот ги прогласи Фадил Бајрамовски, Севди Азири, Неџати Исени и Бесим Асани за виновни за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ од чл.215 ст.3 од Кривичен законик.

Бајрамовски, Азири и Исени се осудени на казна затвор пет години, додека Бесим Асани шест години казна затвор.

Останатите двајца Судот ги прогласи за виновни дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик.

Фати Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од една година и шест месеци за делото Злосторничко здружување и 14 години затвор за делото Убиство или на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци.

Шулејб Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од две години за кривичното дело Злосторничко здружување и 14 години за делото  Убиство или на една единствена казна затвор од 15 години.

Групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година и во истрагата биле опфатени 15 лица, меѓу кои сега дел се починати, а дел се уште се недостапни на органите на прогон.

Судијката Фанка Јанчулова Михаиловска, при објава на пресудата рече дека околноста за постоењето на криминална група се потврдува преку континуирано повторување и организирање на набавка на наркотична дрога, а друга околност е користење на исто возило Порше Кајен при набавка на дрога од Албанија и потоа од Белгија.

Фадил Бајрамовски јасно знаел и комуницирал и договарал преземање и пренос на дрогата преку апликацијата Скај, додека обвинетиот Бесим Асани не е лице што случајно ја пренел дрогата, туку јасно знаел и престојувал месец и половина во Белгија. Анализирајќи ја комуникацијата од апликацијата Скај за преземање на дрогата од Албанија јасно е дека косоварот е обвинетиот Севди Азири кој ја пренел дрогата од Албанија, изјави Јанчулова Михаиловска.

Од јуни 2019 до март 2021 година Шеваљ Муареми и други н.н. лица недостапни на органите на прогон формирале и раководеле со група за транспорт и неовластено пуштање во промет на дрога во Македонија. Групата договорила набавка на 14 килограми кокаин од Албанија по цена од 33 илјади евра за килограм и потоа организирала транспорт преку Косово во Македонија.

Судот, при објава на пресудата рече дека убиството е дел од поголем криминален план за убиство на лица кои им пречат и за што е потврда фактот дека жртвата е рационално и свесно одбрана.

Тие свесно одлучиле и останале на одлуката за двојното убиство, што е одлика на криминалната група. Од комуникацијата на Скај факт е дека жртвата е рационално и свесно одбрана, како и набавката на пиштол со пригушувал, панцири и флешери за автомобил. Од комуникацијата јасно е дека двојното убиство е поврзано со престрелката со криминалната група Дуќанџик во Александар Палас. Со оглед на наведеното најмалку тројца учествувале во двојното убиство, без разлика дали Фати или Шулејб пукал или само управувал со возилото, изјави судијката.

Одбраната реагирала на дел од обезбедените докази преку апликацијата Скај, но Судот, како што објасни, ги прифатил бидејќи биле добиени со меѓународна правна помош од Франција.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јануари 2024 година отвори истрага против 15 лица, а во јули 2024 до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите Арапски Емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

грчец затворска казна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.