Владата на синоќешната седница ја разгледала инфомацијата за реконструкција на спортската сала „Партизан“, која се наоѓа веднаш зад автобуските постојки на ЈСП 15 и 19 во Карпош 4. Од Владата соопштија дека Агенцијата за млади и спорт треба да ја спорведе постапката за избор на фирма која ќе ја реновира спортската сала, што ќе чини околу 1,1 милион евра.
– Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да спроведе постапка за избор на изведувач на работите и да ги обезбеди средствата во висина од 70.000.000 денари распределени по годишни износи за 2021, 2022 и 2023 година, се наведува во владиното соопштение.
Инаку, спортската сала „Партизан“ со години е демолирана.