Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Изборот на Скопје за Европска престолнина на културата е огромен успех за македонската култура

0
By Ана Василевска on September 21, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата ја поздрави одлуката на Европската комисија со која Скопје ја доби титулата „Европска престолнина на културата за 2028 година“. Изборот на Скопје за престолнина на културата во Европа за 2028 година, како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, е успех за македонската култура и признание за влогот на Владата во заложбите за негување на културното богатство и на европските вредности.

Во конкуренција на Будва, титулата европска престолнина на културата за 2028 му припадна на Скопје, со што започнуваат подготовките за годината во која ќе се слават македонската и европската култура.

Институциите, како што се наведува во соопштението, заеднички се подготвени да одговорат на предизвикот и под европското и македонското знаме да ја подигнат креативната енергија и на граѓаните и на државата и да ги отворат вратите за македонската и европската култура.

– Сите скопјани и сите македонски граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, родова, социјална, културолошка и каква било друга определба, се обединети во задоволството нивниот град, нашето Скопје, да ги отвори ширум портите и со својата култура да ја прегрне културата на Европа. Од центарот на Европа, директно во срцето на Балканот, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по соопштување на одлуката.

Повикувајќи на креативна мобилизација, министерката за култура најави дека сите национални установи и институции на културата ќе бидат во служба на „Скопје 2028“, додавајќи дека ова е  заедничка инвестиција во една незаборавна година во која Скопје ќе биде достојна и впечатлива европска престолнина на културата.

Костадиновска-Стојчевска оцени дека на титулата гледа како на заедничка придобивка преку која со нашите национални културни вредности ја збогатуваме колоритноста на идентитетската карта на Европа и создаваме заеднички културен простор во кој сите се добредојдени.

За успешна подготовка за годината кога во Скопје ќе се вкрстат европската и домашната култура, министерката Костадиновска-Стојчевска посочила дека од полза се сите заложби и резултати што како држава и култура ги постигнуваме низ регионалната соработка и преку разни иницијативи и програми.

Министертсво за култура Скопје европска престолнина на културата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.