Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Методологијата за спроведување на пописот е согласно стандардите на ООН и Евростат

0
By Нова ТВ on February 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врз основа на Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, а со цел единствена примена на методолошките основи при попишувањето, директорот на Државниот завод за статистика ја објави Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, велат од Влада.

-Методологијата има за цел обезбедување единствени принципи за организирање на попишувањето и единствена примена на методолошките основи при попишувањето и е наменета за сите учесници во пописот утврдени со Законот за попис, но и за сите корисници на резултатите од пописот.

Таа ги содржи сите потребни методолошкo-организациски и технички објаснувања, со цел да се обезбеди единствена примена на новиот комбиниран методолошки пристап и новата технологија за спроведување на пописот.

Комбинираниот пописен метод, кој се воведува за успешно спроведување на пописот е сложен методолошки и технолошки пристап. Обезбедува повеќе можности, базирајќи се на комбинација на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување и со користење на податоци од претпописната статистичка база на податоци добиени од постоечки регистри поврзани со користење на Единствениот матичен број на граѓанинот.

Дополнително, за првпат теренско попишување ќе се спроведува со користење на преносни компјутери од попишувачите, поврзани на посебно развиена веб-апликација поставена на cloud (облак), наместо хартиени прашалници.

На овој начин се намалува потребното време за прибирање на податоците, се намалуваат трошоците за пописната операцијата, потребно е помалку време за обработка на податоците, конечните податоци од пописот ќе се добијат побрзо и ќе се обезбеди многу повисоко ниво на квалитет на податоци од пописот.

Единиците кои ќе бидат опфатени со Пописот се: лицата, домаќинствата и становите, односно живеалиштата.

Според Државниот завод за статистика, Пописот ќе обезбеди податоци за три категории на население и тоа:

– Вкупно резидентно население;
– Вкупно нерезидентно население;
– Вкупно попишано население, категорија која ги опфаќа претходните две категории население.

Комбинираниот метод применува претпописна база на расположливи, односно сублимат на бази и податоци од Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Управа за водење матични книги, Катастар на недвижнини и расположливите податоци во Државниот завод за статистика од редовните статистички истражувања во поглед на образование, витална статистика, бизнис регистер и друго. Дополнително проверка ќе се прави со базите на Фондот за здравствено осигурување.

Пописот, ќе го врши еден или најмногу двајца попишувачи, со најстрого почитување на здравствените протоколи од Министерството за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.

Пописот, како најзначајна статистичка операција, е дефиниран според правната рамка и согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат, како и друга меѓународна и домашна регулатива.

Попишувањето на населението, домаќинствата и становите како сериозна операција ќе даде базична основа за подготвување на квалитетни политики за општествен и економски развој на државата, кои се од интерес за сите граѓани и затоа е потребно сите да се вклучат во пописот 2021 година, соопштија од Влада

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.