Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата апелира опозицијата да не ја блокира работата на Собранието: Моментот е исклучително чувствителен

0
By Нова ТВ on March 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата вечерва упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување, бидејќи со тоа носат сериозни штети за граѓаните и за државата.

– Блокирани се дел од мерките од четвртиот и петтиот пакет за кои се неопходни законски измени за да се реализираат решенијата за одржливост на економијата, за спас на работните места и спроведување на грижата за никој да не биде изоставен. Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни до сега се насочени околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација, се наведува во соопштението на владината Прес-служба.

Владата нагласува дека опозициските пратеници треба да прифатат дека станува збор за исклучително чувствителен момент и дека имаат одговорност пред граѓаните да се надмине оваа ситуација со деблокада на собранискиот процес и Собранието час поскоро да ги усвои законските измени за да се стават во функција мерките од антиковид пакетите, кои се од исклучително значење за граѓаните и за стопанството.

– Во иста ситуацијата се ставени и други законски решенија со блокади од стотици или илјадници амандмани како што се Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство и Законот за јавен интерес во културата, Законот за Клинички центар. Владата на Република Северна Македонија апелира собраниската говорница да биде место за дебати, идеи и конструктивни амандмани за најдобри законски решенија во интерес на народот и државата, се наведува во владиното соопштение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.