Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги обелодени десетте компании заинтересирани за ХЕ „Чебрен“

0
By Нова ТВ on December 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото поднесоа понуди во фазата за претквалификација за проектот „Чебрен“, односно за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на Црна Река, соопшти Владата.

Од таму информираат дека Комисијата формирана од Владата во наредниот период ќе изврши евалуација на пристигнатите апликации дали ги исполнуваат условите од тендерската документација. Квалификуваните понудувачи ќе бидат поканети во втората фаза, во која ќе можат да достават комплетни понуди за проектот и за нивно учество во јавно-приватно партнерство со АД Електрани на Северна Македонија за изградба на овој капитален енергетски објект.

Комисија надлежна за тендерот за „Чебрен“ денеска ги отвори пристигнатите понуди за квалификација и утврди дека се пријавени 10 компании.

1. CONSORTIUM ЕNКА – COLIN – ТУРЦИЈА

2. CONSORTIUM PPC – ARCHIRODON -ГРЦИЈА

3. EDF – ФРАНЦИЈА

4. CONSORTIUM COBRA – COBRA HIDRAULIKA – ШПАНИЈА

5. CONSORTIUM EVN – VERBUND – АВСТРИЈА

6. WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – ИТАЛИЈА

7. GEZHOUBA GROUP CHINA – КИНА

8. POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – КИНА

9. CONZORTIUM OZALTIN – YAPI MERKEZI – ТУРЦИЈА

10. CONSORCIUM EIFFAGE-WATERLU-ANDRITZ-NORCONSULT – ФРАНЦИЈА, АВСТРИЈА

Во соопштението до медиумите се вели дека Владата, преку АД ЕСМ ќе ангажира трансакциски советник кој треба да ја изработи тендерската документација за втората фаза, со цел успешна реализација на проектот.

„За проектот ‘Чебрен‚ се правени бројни обиди наназад низ годините оваа голема хидроелектрана да се изгради, но проектот до денес не успеа да се спроведе. Оваа Влада направи сериозни напори и подготовки одново да го стартува проектот и овој пат да се реализира успешно, нагласуваат од Владата.

ХЕ „Чебрен“ се планира да се оствари по принципот на јавно-приватно партнерство (ЈПП ), во кое ЕСМ ќе биде јавниот партнер во име на државата во овој голем проект чија инвестициска вредност ќе изнесува минимум 500 – 600 милиони евра.

Хидроелектраната ќе има инсталирана моќност од 333-458 MW, за годишно производство од 1000-1200 GWh електрична енергија (ЕСМ сега вкупно годишно произведува околу 4000 GWh) и со годишна заштеда од 913 000 тони на CО2, се вели во соопштението до медиумите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025
ФОКУС

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

ВЕСТИ October 4, 2025

Палестинското радикално движење Хамас синоќа соопшти дека ќе ги ослободи и предаде сите израелски заложници…

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

October 3, 2025

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025
ТИКЕР

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.