Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе прави „Регистар на население“

22
By Нова ТВ on September 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница го усвои проектот „Регистар на население“ од чија соодветна реализација се очекува во иднина дури да го замени пописот, каков што е случајот со неколку европски земји.

– Владата го задолжи Министерство за информатичко општество и администрација да спроведе активности за изработка на решение за Централен електронски регистар на население до јули 2018 година кој ќе ги содржи следните полиња за населението во Република Македонија: име, презиме, јазик, ЕМБГ, пол, датум на раѓање, место на раѓање (држава, општина, населено место), лични документи (листа на документи со податоци за број, вид, датум на издавање, датум на важност, статус, место на издавање), мајка (ЕМБГ), татко (ЕМБГ), адреса на живеалиште (општина, населено место, улица, број (број, влез, стан)), адреса на привремен престој (општина, населено место, улица, број (број, влез, стан)), државјанство (држава, статус, датум на почеток, датум на престанок), брачен статус, датум на брачен статус, сопруг/а (ЕМБГ), националност, смрт, датум на смрт, место на смрт (држава, општина, населено место) – пишува во соопштението од денешната владина седница.

Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда – Управа за водење на матичните книги, Државниот завод за статистика, Министерството за труд и социјална политика, и им укажа на Дирекцијата за заштита на личните податоци и на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, најдоцна во рок од 7 дена од денот на усвојување на информацијата да номинираат член и заменик член во работна група за изготвување на нацрт-закон за Закон за централен електронски регистар на население и нацрт-закон за Закон за електронски услуги.

За реализација на овој проект владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за внатрешни работи до 5 октомври да усогласат акциски план за спроведување на проектот „Регистар на население“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.