Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе соопшти детали за шестиот пакет, туристичко-угостителскиот сектор на протест

0
By Нова ТВ on April 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 6.000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор денеска напладне, пред Министерството за финансии, ќе почнат со најавените протести. Владата, пак, на прес-конференција ќе соопшти детали за претстојниот шести сет економски мерки.

Од денеска треба да почне и аплицирањето за финансиска поддршка на платите, мерка што беше дел од петтиот антикризен пакет, но не можеше да се реализира до донесувањето на законите во Собранието.

Туристичко-угостителскиот сектор бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителски објекти, еднократна финансиска помош за угостителските објекти на кои веќе една година им е забранета нивната примарна дејност и мораториум или репрограмирање со грејс-период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции.

Барањата на туристичките агенции се еднократна неповратна финансиска помош, продолжување на рокот за важење на нереализираните ваучери за патување до декември 2022 година и ваучерите од проектот „Дома си е дома“ да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции.

Независната угостителска комора (НУК) целосно стои зад барањата и забелешките на угостителите и туристичките субјекти, но смета дека протестите не се соодветен начин за изразување незадоволство во услови на пандемија.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вчера рече дека на угостителите ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите за време на целиот период во кој се затворени, како и дека дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице. Тоа е предвидено со шестиот пакет.

Со шестиот пакет, како што напомена Битиќи, ќе бидат опфатени и туристичките оператори. Тој ги повика оваа или следната недела да седнат на заедничка маса и да договорат план на среден и на долг рок.

-Свесни сме дека затворање на одреден сектор има последици и затоа утре ќе ги донесеме економските мерки. Ќе одговориме соодветно, со сосема нов модел. Воедно сме подготвени исплатите од петтиот пакет да почнат веднаш, најбрзо што е возможно, зашто знаеме колку е потребно средствата да стигнат до граѓаните. Мерката е предвидена за 60.000 плати, за 60.000 работници или 120.000 за два месеца, а тоа се 120.000 семејства, истакна вчера Битиќи.

Сојузот на синдикати на Македонија ќе ја следи исплатата на финансиската поддршка за плати за февруари и март со цел навремено да се спречи секаков обид за злоупотреба на средствата од страна на работодавачите.

– Ги потсетуваме работодавачите дека средствата треба да легнат на сметките на работниците за двата месеци наеднаш, а срамно ќе биде доколку некој работодавач и покрај сите санкции повторно ги злоупотреби овие наменски средства, велат од Синдикатот.

Според Организацијата на работодавачи, петтиот сет економски мерки, иако задоцни, сепак ќе даде позитивни ефекти за зачувување на работните места и отварање на фабричките хали, а за трудоинтензивните гранки потребен е и шестти пакет на мерки, бидејќи во моментов поради локдаунот во Германија и во земјите каде се извезуваат производите нема потрошувачка на пазарот, но и странските партнери не бараат нови нарачки.

Работодавачите и самостојните вршители на дејност барањата за поддршка за плата од петтиот пакет мерки ќе може да ги поднесуваат до Управата за јавни приходи откако ќе бидат објавени и ќе влезат во сила законите и подзаконските акти, а крајниот рок е 30 април.

-Барањата за финансиска поддршка за исплата на плати на работодавачите и физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе може да се поднесуваат електронски  преку системите на Управата за јавни приходи  по објава и влегување во сила  на законите и подзаконските акти – Правилниците за формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците и Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства во Службен весник на Република Северна Македонија. Барањата до Управата за јавни приходи ќе се поднесуваат најдоцна до 30 април 2021 година, изјавија за МИА од УЈП.

Законските решенија, кои беа подолого време заглавени во Собранието, пратениците ги изгласа на седница вчера, а се однесуваат за исплата на плати за месеците февуари и март 2021 година.  Се очекува да бидат опфатени 60 илајди работни места. Според законското решение месечната поддршка за самостојните вршители на дејност е 17.410 денари. Средствата нема да бидат вратени доколку 50 отсто од искористената финансиска поддршка до крајот на 2021 година се искористи за инвестициски вложувања, односно вложувања во материјални средства.

Исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците февруари и март 2021 година, е најмногу до 21.776 денари месечно по работник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.