Грчкиот Парламент синоќа по полноќ и изгласа доверба на коалициската Влада на премиерот Андонис Самарас, јави ДПА.
„За“ доверба на Кабиентот на Самарас се изјаснија 155 пратеници, а 131 гласаа „против“. Во грчкиот Парламент има 300 пратенички места.
Гласањето доверба на Владата го иницираше самиот Самарас, со цел да добие поддршка од пратениците за продолжување на започнатите реформи и за преговорите со „тројката“ меѓународни кредитори – ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
За доверба на Владата гласаа пратениците на партиите од владината коалиција – конзервативната Нова демократија и блокот на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), додека против се изјаснија претставниците на сите опозициски партии.